Почитувани потрошувачи,
Поради зголемениот раст на енергенсите и општото зголемување на цените на суровините во текот на наредната недела EkoLife пелетите ќе имаат нова цена.
Пелетите се енергенс, кој како и како секоја друга суровина која се купува и продава на пазарот имаат варијабилна цена. Поради тоа како што многупати пишувавме во нашите блогови и постови многу е битно навременото снабдување со пелети во претсезонскиот период со цел да се избегнат ценовните шокови. Во моментов нашиот тим е фокусиран на навремено снабдување на сите потрошувачи кои извршиле навремени нарачки на пелет. Поради тоа во деновите пред нас нема да бидеме во можност да примаме нови нарачки и таа ситуација ќе потрае се додека не се достават претходно нарачаните количини
Новата цена која ќе ја објавиме ќе соодвествува со квалитетот кој го испорачуваме.
EkoLife пелетите се единствените лиценцирани прозиводители со ENplus A1 стандард на квалитет. Поради енергетската криза во светот апелираме да се снабдите навремено со пелет бидејќи, немаме можност во моментов да гарантираме важење на новата цена на подолг рок.
Продолжете да го следите нашиот сајт и ФБ профил на кој постојано објавуваме совети кои на најдобар начин ќе ви помогнат правилно користење и избор на пелети.
Ваш,
EkoLife pellet Тим