Многу потрошувачи го поставуваат истото прашање, дали да се користат пелети од тврдо дрво – листопадни (даб, бука) или пелети од т.н. меко дрво – зимзелени (бор, елка, смрека).
Во праксата не постои голема разлика помеѓу пелетите произведени од тврдо или меко дрво.
Сепак, крајната одлука за изборот е на потрошувачот, во зависност од типот на печката, буџетот за набавка на пелети, и потребата за чистење и одржување на печката.
Факт : Речиси сите печки на пелети кои се произведуваат како гориво може да ги користат и двата типа на дрвени пелети. Многу поважно е каков е составот на пелетите отколку типот на дрво од кое се изработени. Најдобро е при изборот да се одбере произведувач/продавач кој гарантира дека производот е чист и сиров, произведен по ENplus стандард кој гарантира квалитет, со што ќе бидете сигурни дека ќе добиете вистински квалитетен производ – пелети. Производителот поседува сертификат за квалитет во кој се наведени најважните карактеристики на пелетите, остаток на пепел, влага, калорична моќ, густина.
Факт : Пелетите од меко дрво (бор, смрека, елка…) генерално имаат поголема калорична моќ, создаваат повеќе топлина и се подолготрајни, и оставаат помало количество на пепел. Односно, пелетите од меко дрво полесно постигнуваат повисока температура и согоруваат повеќе и почисто. Митот за пуштање смола во самата печка, по ѕидовите или во издувниот систем полека но сигурно стивнува, иако беше многу актуелен на македонскиот пазар, сепак по повеќе години на пазарот и испитување на пелетот, како и мерење на задоволство на корисниците се покажа како неточен.
Општо познато е дека на балканскиот, но и речиси целиот западноевропски пазар, дури 75% од искористените пелети во една грејна сезона доаѓаат од т.н. “меко” дрво, односно во составот доминираат бор, елка, смрека и слично.
EkoLife пелетите се изработени од 100% дрво, мешавина од иглолисни дрвја и бука, односно 75% иглолисно дрво и 25% бука.