Во последно време забележуваме на пазарот голем број на пакувани пелети кои лажно се претставуваат како ENplus сертифицирани произведувачи на пелети. ENplus е единственото најрелевантно тело што обезбедува високи стандарди за квалитет по целиот синџир на производство на пелети.
Единствениот начин да се одбраните од лажното декларирање на сертификати е да научите како да ја проверувате вистинитоста на ознаката за ENplus сертификат. Логото на ENplus сертифицирани пелети ги содржи следните делови и тоа со следниот распоред:
1. Мора да содржи ознака за класа на пелетите.
2. Лого ENplus кое согласно правилата мора да биде точно позиционирано и одбележано.
3. Единствен ENplus идентификационен број (код за државата + троцифрен код)
EkoLife pellet се единствените пелети во нашата земја кои имаат стекнати ENplus сертифкат за квалитет. Со набавка на обележани пелети ENplus лого значи да бидете сигурни во производ со прецизни хемиски, физички и енергетски карактеристики, како и во одржување на квалитетот во сите негови фази, од набавка на суровината до неговата испорака.