Доколку сакате да се греете на пелети или веќе се греете на пелети следните два фактори се најбитни за да добиете максимум искористување на енергијата:
📌 Набавка на сертифицирани пелети, со цел да бидете сигурни во квалитетот на пелетот. Секогаш се препорачува набавка на А1 класа, со 5,3 KW/Kg енергетска моќ и помалку од 8% влажност.
📌 Печките за греење на пелети мора редовно да се сетуваат, чистат, одржуваат и сервисираат согласно препораките од производителот. Доколку не се сетира печката може да се случи да имате супер квалитетен пелет, а лошо согорување, односно лош краен ефект. Кај печките, односно кај резервоарот за пелети постепено ќе се наталожат струготини од пелетите. Овие струготини не дозволуваат правилен транспорт на пелетот и постои можност да направат блокада на транспортниот систем. Затоа потребно е повремено контролирање на резервоарот (дното) и чистење на истиот со помош на правосмукалка.