EkoLife на светската мапа на сертифицирани пелети на сертификационото тело ENplus во публикацијата на статистики за 2021 година!
Според последните статистики од 2021 година, вкупно 47 земји во светот се на светстката мапа на сертифицирани пелети од комисијата на ENplus. Ова значи дека во овие земји се регистрирани произведувач/и или трговец/застапник на сертифицирани пелети во А1 или А2 класата. Од 2012 година до 2021 година, производството на ENplus сертифицирани пелети на пазарот се зголемило за високи 79%.
Во Европа, земја која има најголем број на произведувачи на ENplus сертифицирани пелети е Германија, потоа Австрија и Русија. Од земјите во регионот, Хрватска е земја со најголемо производство на сертифицирани пелети и земја каде најголемо учество на пазарот на пелети се сертифицирани од комисионото тело на ENplus.
Нашата земја за прв пат се најде на светската мапа на сертифицирани пелети во 2018 година, кога EkoLife го доби својот прв сертификат за проверен квалитет на пелети, во највисоката категорија А1. Од тогаш до денес, секоја година овој сертификат се обновува врз основа на редовни контроли на стручни лица на комисионото тело на ENplus. Засега, EkoLife e единствената компанија која е на листата на сертифицирани пелети во нашата земја.
*податоците за производство на пелети во светски рамки се преземени од официјална публикација на ENplus.