КАКВИ ТИПОВИ НА ГРЕЈНИ ТЕЛА СО ПЕЛЕТИ ПОСТОЈАТ?
EkoLife е компанија која произведува пелети за греење од дрво. Често пати од граѓаните добиваме прашања од типот на какви печки постојат или какви камини, што ние како производители на пелети препорачуваме, итн. Прочитајте повеќе какви типови на грејни тела со пелети постојат. Во нашата земја има доволен број на фирми кои добавуваат, вршат планови и инсталација на системите на греење со пелети.
Грејните тела на пелети се делат во две основни категории:
- Грејни тела за централно топловодно греење
- Грејни тела без можност за централно топловодно греење, односно камини кои дуваат топол воздух со помош на вграден вентилатор во просторијата каде се поставени.
Грејните тела за централно топловодно греење можеме да ги поделиме во две подкатегории употребувајќи ги следните термини:
- Камини за централно топловодно греење, и
- Котли за централно топловодно греење
Разликита помеѓу камините и котлите е тоа што камините се наменети да се постават во простории во кои се живее односно дневен прстор, ходник итн. и истите 10-15% (зависно од типот на каминот) од својата снага ја испорачуваат во просторот каде се инсталирани, а останатите 85-90% од својата снага ја испорачуваат во системот на објектот, односно во радијаторите, фенкојлерите или во инсталација за подно греење. Најчесто камините се со снага од 15 kW па се до 35 kW.
За разлика од нив котлите не се наменети за сместување во просторот каде се престојува во текот на денот, туку инсталацијата се врши во подрумски простории, остави, помошни простории во објектите итн. Котлите за разлика од камините за централно топловодно греење сета своја снага ја дистрибуираат во системот и не го загреваат просторот каде што се инсталирани. Котлите доаѓаат во изведби од 15kW па се до 100kW за загревање на домаќинства, а за поголеми објекти (угостителски, деловни, индустриски или од јавен карактер) постојат изведби и од 400-500kW, па се до 2 MW.