Состав на EkoLife пелетите
EkoLife пелетите се изработени од 100% дрво. Составот на пелетите е мешавина од иглолисни дрвја и бука, односно 75% иглолисно дрво и 25% бука. Согласно начинот на производство и составот на пелетите, EkoLife пелетите имаат ЕNplus® сертификат за класа А1 како гаранција за врвен квалитет.
Карактеристики на EkoLife пелетите:
✅ мешавина од иглолисно дрво и бука
✅ нето калориска вредност >16.5MJ/kg
✅ низок остаток на пепел <0.6%
✅ дијаметар 6мм
✅ содржина на влага: < 8%
✅ густина 600≤BD≤750/dm3
Процес на производство на EkoLife пелетите
При производството најпрвин се отстранува кората од дрвото, потоа оваа суровина се ситни, по што следи сушење во ротациона печка на врел воздух. Во процесот на сушење на суровината користиме EkoLife пелети, како еколошко гориво. По добивањето на цврстата маса, секојдневно ги тестираме пелетите пред да ги пуштиме во продажба, односно 3 пати на секои 24 часа. Се тестираат влага, остаток на прашина, густина, цврстина и останати параметри кои гарантираат квалитет и претставуваат наша внатрешна контрола на производот.
На крајот од процесот, EkoLife пелетите се пакуваат во вреќа од 15 килограми, и во палета од вкупно 72 вреќи.
Набавка на EkoLife Пелети
EkoLife пелетите може да ги набавите на следниот начин:
- со нарачување на следните контакт телефони 070237356 и 070237302, со достава или без достава до вашиот дом
- да ги подигнете директно од нашиот магацин за малопродажба (населба Пинтија, Скопје)
🚚 EkoLife врши достава на пелети ширум нашата држава, за минимум нарачана количина од 1 палета.