ЕkoLife компанијата ја отвори првата фабрика за производство на пелети од дрво на територијата на Република Македонија, која отпочнува со работа во август 2018 година.
EkoLife е компанија која со најсовремена технологија се занимава со производство на висококвалитетен пелет, чиј производ спаѓа во А1 класа според ЕNplus стандардот – што значи строго дефиниран состав на пелетот.
Фабриката за производство се наоѓа во с. Гиновци, Општина Ранковце, на површина од 35.000 м2. Магацинот е лоциран во населба Пинтија, Скопје.
Во моментот EkoLife компанијата брои 60 вработени, кои работат во три смени, со капацитет на производство од 3 тони на час.
Инспирирани од идејата да создадеме производ со висок квалитет и општо добро за општеството, EkoLife пелетите се произведуваат од 100% дрво, а квалитетот се испитува секојдневно во лабораторија која работи во склоп на фабриката, и е гаранција за квалитетот на пелетите.
Како готов производ со своите технички карактеристики нашите пелети ги задоволуваат сите европски стандарди:
Сертификат ISO 9001 : 2015 – Систем за управување со квалитет
Сертификат ISO 14001 : 2015 – Систем за управување со животна средина.
Сертификат ENplus class A1 – Стандард за премиум квалитет на пелети. ID-No.: MK 001
Сертификат Forest Stewardship Council™ (FSC-C142648) – сертификатот кој гарантира на клиентите/потрошувачите дека производите што се означени со FSC™ се произведуваат од ланец на снабдување од шуми со кои се раководи одговорно.
Нашата Цел
Зголемување на бројот на домаќинства и фирми кои користат еколошки енергенс како гориво за затоплување, кое е:
✅ од обновлив извор на енергија,
✅ природен материјал,
✅ економски исплатлив,
✅ со висока енергеска вредност,
✅ лесен е за користење,
✅ со компактно складирање,
✅ рационален транспорт и достава.
Нашата визија
Создавање на општествено одговорно, квалитетно, чисто, економски исплатливо затоплување со грижа за околината. Работиме на едукација на населението и нивното запознавање со социолошките, еколошките и економските предности од користење пелет.
Нашата мисија
Современо производство на еколошки тестиран производ од највисока класа.